сабота, 21 јуни 2025

Вонреден инспекциски надзор по смртта на тригодишно детенце од Кавадарци

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, секако ќе се организираме утре надзор“, одговорија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат по смртта на тригодишно детенце од Кавадарци, чии родители во изјава за МИА рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка.

Родителите на момченцето од Кавадарци кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники, ги повикуваат надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нивното детенце.

„Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете“,  рече таткото Тони Стојанов.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Од полицијата велат дека во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С. (36) од Кавадарци изјавила дека околу 3 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што во 8:45 часот била констатирана смрт. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ