понеделник, 1 јуни 2026

Во Влен почна да се разговара за реконтрукција на Владата, Села одбива да влезе во власта

Централното собрание на Влен викендов ја одржа првата седница по формирањето на партијата. На седницата се разговараше за најавената реконструкција на Владата. Од Албанската лига, новата партија на Зијадин Села, на шпекулациите дека можно е да станат дел од владината коалиција, одговорија дека „низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат“.

Објавено на

часот

Сподели

Од Влен соопштија дека викендов била „отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста“.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега најави дека во јуни ќе има реконструкција на Владата.

Викендов дел од партијата Алијанса за Албанците, под водство на Зијадин Села, формира нова партија – Албанска лига. За Села се шпекулираше дека ќе биде новиот партнер во власта, но тој вчера ова децидно го демантираше.

„Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Албанската лига и нејзиното наследство од Алијансата за Албанците знаат и да излезат од тие врати, како што покажале во минатото“, рече Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ