понеделник, 1 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Демантот на лагите на Филипче за реформската агенда стигна од ЕК

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче обвини дека премиерот Христијан Мицкоски намерно ја кочи реформската агенда и ја лаже Европската Унија (ЕУ).

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја. Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на преговорите со ЕУ, додека претставниците на власта во Софија јасно посочиле во свои неодамнешни изјави, дека нивните апетити за македонската историја, јазик, култура сè уште поголеми“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Филипче добро знае дека уставните измени само ќе го отворат процесот на понатамошните ултиматуми за национални и идентитетски отстапки, кои ќе доаѓаат од бугарска страна, но свесно влегува во ова предавство со кое се додворува на Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт.

„Тој филм Филипче нема да го гледа. Затоа што во Македонија на власт се доаѓа со победа на избори, не со предавство на народот и многу веројатно, народот ќе ги испрати во историјата. Граѓаните не прифаќаат уставни измени и поучени од предавството на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, поддршка за СДС нема да дадат. Во однос на лагите и манипулациите за реформската агенда, главен доказ кој им ги побива овие манипулации се финансиските средства кои Европската комисија и ги додели на Македонија, токму поради напредокот во спроведувањето на реформите. Од Програмата за раст Македонија доби 65,7 милиони евра, што претставува најголема сума од земјите во регионот кои Филипче, милува да ги набројува. Ова е јасна потврда дека Владата посветено работи на спроведувањето на реформите и потврда дека Македонија најмногу напредува во Реформската агенда од сите земји во регионот“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ