понеделник, 1 јуни 2026

Тешко повреден тракторист од Конче откако паднал во провалија, возел без возачка дозвола

Вчера во ОВР Радовиш било пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот, на местото викано „Лакавица“ на регионалниот пат од село Дедино кон село Конче, 55-годишниот З.С. од село Конче, управувајќи трактор торпедо со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал во провалија.

Објавено на

часот

Сподели

Од екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш и Итната медицинска помош Радовиш, возачот бил извлечен и пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По извршените проверки било утврдено дека З.С. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ