понеделник, 1 јуни 2026

Велешанец ќе одговара кривично, во неговиот дом пронајден пиштол

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.С. од велешкото село Бузалково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира полицијата, на 26 јануари 2025 година полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес извршиле претрес во домот во кој живее пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „застава“ со калибар 7,62 милиметри.

По преземените мерки и активности, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ