Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука.
Во рамките на настанот беа промовирани изданијата „Собрани трудови IV (2015 – 2025)“ од академик Глигор Јовановски, со осврт на проф. д-р Петре Макрески, како и монографијата „Македонски природни богатства“, чиј приредувач е академик Јовановски, за којашто говореше проф. д-р Валентин Мирчески, дописен член на МАНУ.
Настанот привлече голем интерес кај научната и пошироката јавност, за што сведочеше исполнетиот Амфитеатар на МАНУ. Свеченоста беше заокружена со обраќање на академик Глигор Јовановски, кој се заблагодари за укажаната чест и за долгогодишната поддршка од колегите, соработниците и од институциите со кои соработувал во текот на својата научна кариера.






