сабота, 21 јуни 2025

Димитриеска Кочоска: Владата за настраданите во Кочани обезбеди 30 милиони денари, досега се исплатени 11

Владата за настраданите во Кочани обезбеди 30 милиони денари, а досега се исплатени 11,2 милиони денари. Ова денеска од собраниската говорница го изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Објавено на

часот

Сподели

„До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму“, изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски, кој праша дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле исплатени за оваа намена.

Таа посочи дека покрај од буџетот, помошта собрана преку Црвениот крст од донации од граѓаните, била во координација со Владата, и дека тоа било во моментот најбрз начин да се соберат средства и да им се излезе во пресрет на настраданите.

„Затоа одевме паралелно со две постапки. Едната беше Црвениот крст каде сите ние и како функционери и како пратеници од владеачкото мнозинство, верувам дека и вие од опозицијата сте донирале пари, и тоа се средства кои се наменети за нив. Но покрај овие 30 милиони денари, поддршка од буџетот, тука не се вкалулирани сите оние трошоци кои се сервисираат преку ФЗОМ, бидејќи станува збор за повреди кои беа многу тешки и лекувањето трае долго време. Владата многу брзо реагираше во оваа ситуација, рече Димитриеска Кочоска… Повторувам 30 милиони денари кои се на располагање на семејствата и се исплаќаат согласно потребите и во исто време се сервисираат обврските од Црвениот крст. Тоа е одлука што ја донесе Владата и тие средства се исплаќаат“, рече министерката за финансии.

Таа притоа потсети на несреќите со жртви со Дурмо турс и во Модуларната болница во Тетово, каде, рече, поранешната влада не одобрила ниту денар.

Според Спасовски, граѓаните покажале сериозна солидарност, бидејќи на сметките на Црвениот крст, според последно соопштение досега се собрани околу 156,5 милиони денари од кои во неколку наврати извршени се исплати на погодените семејства. На семејствата на починатите лица од оваа сметка биле исплатени 52,038 милиони денари, за настраданите лица кои се на лекување во странство 44,163 милиони и за оние кои се лекуваат во земјава исплатени се 11,247 милиони денари. Или вкупно досега исплатени се 107,44 милиони денари, а преостанти се околу 46,59 милиони денари на сметката на Црвениот крст. Во соопштението од Црвениот крст се наведува дека следат консултации со надлежното Министрерство за да се утврди зависно од степенот на повредеите колку финансиски средства на кои лица и смејства ќе им бидат исплатени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ