понеделник, 10 ноември 2025

УЈП потсетува дека треба да се поднесат ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг

Управата за јавни приходи (УЈП) упати повик до сите даночни обврзници да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период навреме. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година, соопшти Управата за јавни приходи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави, па во таа насока апелираме до даночните обврзници обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент“, велат од УЈП.

Оттаму велат дека важно е да се напомене дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.

„Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти, туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем. Делувајте одговорно и исполнете ги обврските на време за да придонесете кон стабилна и функционална даночна практика“, велат од УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ