четврток, 26 март 2026

Три пожари утрово во Струмица и околината, на пожарникарите од Струмица им стигна помош од Берово

Струмичките пожарникари утрово гаснеа три пожари на различни локации во градот и околината.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од ТППЕ Струмица првиот пожар избувнал во 7 часот во викендичка во излетничкото место Суви Лаки, а во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од ТППЕ Берово, односно пожарот го гаснеле вкупно осум пожарникари и две против пожарни возила.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, благодарение на добрата изолација на викендичката, пожарот не се проширил и е навреме изгаснат.

Веднаш по овој пожар, во 8:12 часот на улица „Бетовенова“ во Струмица, било пријаевно дека гори куќа, а во гаснењето учествувале три против пожарни возила и 8 пожарникари.

Поледната интервенција на струмичките пожарникари утрово била во село Муртино каде интервенирале на запален оџак со едно возило и четири пожарникари.

Во трите пожари е предизвика поголема материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ