„Во текот на 2025 година реализирани се обезбедувања на 61 делегација и 153 меѓународни и домашни настани, оценети со највисоки оценки од нашите меѓународни партнери. Тоа е потврда дека македонската полиција стои рамо до рамо со најдобрите и работи во согласност со највисоките професионални стандарди – потенцира министерот Тошковски“, пишува во соопштението на МВР.
Тој нагласи дека во услови на променлива и комплексна безбедносна средина приоритет на раководството останува континуираното унапредување на условите за работа, вложувањето во обуки, модернизацијата на опремата и јакнењето на институционалната поддршка.
Министерот Тошковски упати благодарност до сегашните и до поранешните припадници на Одделот за нивната одговорност и професионален пристап истакнувајќи дека нивната работа претставува значаен дел од вкупниот капацитет на Министерството за внатрешни работи и директно придонесува за зголемување на довербата во институциите, стои во соопштението.






