сабота, 8 ноември 2025

Страв и трепет во „Комуналец“, вработените велат сѐ е ок со ѓубрето во Скопје, директорот си доаѓал и си работел

Скопје тоне во ѓубре, по улици, по булевари, по тротоари…Екипата на МКД.мк еден месец се обидуваше да ги добие надлежните од „Комунална хигиена“ на фиксните телефони, но ниту еднаш никој не ни крена телефон. Денес имавме среќа да ни се јават, но никој не смее ништо да каже, освен дека со ѓубрето сѐ било ок. Ама тие изгледа живеат во некое друго Скопје, чисто, без ѓубре, не во ова нашето.

Објавено на

часот

Сподели

МКД: Добар ден. Се јавуваме за ѓубрето во Скопје.

„Комунална хигиена“: За кое ѓубре?

МКД.мк: Како за кое ѓубре, па вие поминувате низ Скопје, гледате ли дека насекаде има ѓубре?

„Комунална хигиена: Па да, ама јас си доаѓам на работа, се јавувам на телефон и тоа е тоа. Не знам за ѓубрето?

МКД.мк: „Директорот Сабахадин доаѓа на работа, знаете. Плата имате земено?

„Комунална хигиена“: Па не знам за платата, ама јас на работа си доаѓам, да. И директорот доаѓа на работа, секако.

МКД.мк: „А што работи директорот ако Скопје тоне во ѓубре?

„Комунална хигиена“: Си работи директорот. А за кое ѓубре вие се јавувате?

МКД.мк: За ѓубрето во Скопје, за сите улици преполни со ѓубре се јавуваме. Вие не го гледате ѓубрето? Може да ни кажете што е проблемот и зошто не се собира ѓубрето? Немате земено плата, има проблем со камионите, нема гориво, во што е проблемот?

„Комунална хигиена“: Јас не знам дали сум земала плата, на работа си доаѓам и проблем нема. А ѓубрето, не знам дали ќе го соберат?

Ова е разговорот кој што го направивме со оператор од другата страна на телефонот оставен за пријавување на несобраното ѓубре низ Скопје. Прашавме и кој ги исплашил толку за да не смеат да дадат никаква информација кога сите сме сведоци дека живееме во град полн со ѓубре, ние рекоа дека се е во ред.

Се обидовме да добиеме мобилен од директорот на претпријатието за да го прашаме што се случува и зошто веќе втор месец се трупа ѓубре и Скопје е претворено во депонија. Но, каде и да прашавме со страв ни кажаа дека им е забрането да даваат мобилен телефон на луѓе. Се обидовме да ги разубедиме луѓето дека Скопје е град на сите, дека сите тонеме во ѓубре и дека некој треба да објасни зошто живееме во депонија и на кого сме заложници сите, аико редовно плаќаме, да ги разубедиме дека на сите ни треба чист град, но од сстрав да не изгубат работа, никој не ни даде контакт од директорот.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој во првиот круг на локалните избори на 19 октомври имаше најмногу гласови, кажа дека штом стапи на функција за 72 часа ќе го исчисти градот.

Во Скопје градоначлник ќе се избере во вториот круг на 2 ноември меѓу Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица, Амар Мациновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ