среда, 10 јуни 2026

Состојбата со пожарот на депонијата во Радовиш целосно ќе биде санирана, уверува Почивалец

Сè уште е присутен чад на одредени места, но според проценките, во наредните денови состојбата целосно ќе биде санирана, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно стабилизирање на депонијата.

„На терен активно работи голем број градежна механизација – багери, кипери, камиони и друга опрема, со цел побрзо и поефикасно справување со последиците од пожарот и целосна санација на теренот. Во тек е потрупување со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење“, напиша градоначалникот на социјалната мрежа.

Пожарот на депонијата во Радовиш избувна пред шест денови, а вчера градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб издаде повеќе препораки до граѓаните да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничи движењето и да се користат заштитни маски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ