„Едноставно немаат решение за ништо. Владата на СДСМ креира само проблеми. Во организирањето на образовниот процес Мила Царовска потфрли целосно. Нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.
Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома, а веќе има и заразени деца со корона во неколку училишта.
Потфрли и градоначалникот во заминување на град Скопје, Петре Шилегов, автобусите се преполни. Шилегов ги направи градските автобуси извор на зараза. Венко Филипче не се снајде и не успеа да го организира здравствениот систем во ниту еден од претходните три брана, исто е и сега за четвртиот. Бројката на починати надмина шест илјади само поради тоа што Филипче не помислува на здравјето на граѓаните. Филипче се интересира само за провизии.
Актуелната власт е неспособна да ја нормализира ситуацијата. Време е за промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






