среда, 20 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да се бори против урбаната мафија, изгради зграда дивоградба

Објавено на

часот

Сподели

„Надлежна институција за давање дозволи за градба, доградба и реконструкција е општина Карпош каде градоначалник во заминување е Стефан Богоев. Општина Карпош е и институција која треба да предупреди и спроведе запирање на градбата која е вон дозволените граници, но и да изврши уривање.

Петре Шилегов не само што не е спречен да ја гради својата зграда дивоградба, туку и општина Карпош до денес не почнала постапка за уривање на дивоградбата.

Очигледно е дека Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и од основа на политичката функција која ја има гради незаконски, за потоа низ некоја скратена постапка да го легализира објектот.

Шилегов наместо да става ред, тој е пример за создавање неред и хаос. Шилегов не ги почитува законите, кои треба да ги применува врз другите од позиција на градоначалник, токму затоа одброени му се деновите на таа позиција. Време е за промени, а потоа и за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ