„Криминалите на Шилегов не застануваат тука. Профитерот Шилегов нема тендер во последните две години кој не е потпишан на сума скоро иста со сумата која е предвидена за постапката. Скоро и да немало наддавање. Воочлива е играта на Шилегов. Дали некој од СДСМ кажува кои фирми може, а кои не да учествуваат на тендери. ЈО има повеќе од доволно докази за да отвори случај и да подигне обвиненија против Шилегов кој очигледно години наназад ги злоупотребува јавните финансии.
Работењето на Шилегов како и на сите други градоначалници кои работеле криминално ќе биде предмет на ревизија, а потоа ќе следуваат и пријави веднаш по промената на власта. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






