среда, 20 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Младиот Васев изнесе лаги, критериуми во СДСМ се бизнис интересите и роднинството

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ има големи внатрешни проблеми зашто видни членови во изминатите денови констатираа дека партијата е киднапирана, а нејзиното раководство го нарекоа фалсификаторско.

„Членови на СДСМ палеа членски книшки на СДСМ во Радовиш. Градоначалници ја напуштија СДСМ и излегоа како независни. Носеа одлуки за едни кандидати, а веднаш потоа објавуваа други“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и наведуваат дека „партии од владејачката коалиција како ДОМ, ЛДП, партијата на Бошњаците излегоа со свои кандидати наспроти тие на СДСМ“.

Обидот на младиот Васев со неговите лаги да се наметне како тема, е само обид да се прикрие внатрешниот раздор и незадоволство од Зоран Заев, се нагласува во соопштението и се додава:.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во внатрешните проблеми на СДСМ, но и нема да ги прифати нивните манипулации, а „вистинската тема денес е што Шилегов е дел од урбаната мафија, со зграда дивоградба среде Скопје. Сега е јасно дека кога Скопје не се градеше, Шилегов диво градеше зграда среде Тафталиџе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ