вторник, 19 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Кривични пријави за неспособните од власта за непостапување за време на пожарот во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

„Надлежните ненавремено интервенираа и дозволија пожарот да се прошири до самиот град Кочани. Додека власта правеше приватни забави и доцни седенки на Мечкин Камен од Кочани цел ден доаѓале апели и молби да им се помогне со воздухоплови за да се изгаси пожарот. Никој не реагирал. Кој ќе одговара за тоа? Истите тие хеликоптери кои не можеа да ги испратат во Кочани, претходно беа користени за екскурзии на министри низ Македонија. Посебна приказна за неспособноста на власта е нефункционирањето на авионите за гаснење на пожар. Овие авиони две години немаат сервис кој чини 400 илјади евра и затоа не се користат. 
Кој ќе сноси одговорност за тоа? Потрошија милиони за набавки на службени возила, шампањи, виски, вина, октоподи, а немаа пари да ги сервисираат авионите кои гаснат пожари. Срамно и бедно.
Заради ова власта нема потреба веќе да дава одговори, туку треба да понесе одговорност. Оставките на одговорните функционери се единствениот вистински чекор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ