понеделник, 18 мај 2026

Средба Колефски-Гител: Посетата на европски претставници ќе биде можност за промоција на Мала Преспа

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот ЕУСАИР форум, остварил средба со Гилес Гител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика, како и со раководителот на тимот за Инструментот за претпристапна помош (ИПА), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија.

Објавено на

часот

Сподели

„Имавме многу плоден разговор, што е продолжение на нашите претходни контакти. Разговаравме за убавините на Преспа, нејзините природни ресурси и извонредниот потенцијал на општина Пустец за одржлив развој“, објави Колефски.

Гител изразил желба  да ја посети општина Пустец (Мала Преспа) и најавил дека истата ќе ја реализира  во текот на јули, со цел да се запознае со туристичкиот, културниот и природниот потенцијал на областа, како и со предизвиците и можностите за развој во регионот Преспа.

„За време на разговорот беше нагласена важноста на регионалната соработка, развојот на одржливиот туризам, заштитата на животната средина и зелените проекти, како и улогата што Општина Пустец може да ја игра во рамките на европските стратегии и програми за Западен Балкан“, додава Колефски.

Посочува дека неговата претстојна посета ќе претставува важна можност за промоција на Мала Преспа и зајакнување на врските со европските институции, во функција на одржлив развој и приближување кон стандардите на Европската Унија. 

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ