понеделник, 18 мај 2026

Во Голо Брдо одржан куп во пеливанско борење, учествуваа и борачи од Македонија

Во селото Острени, област Голо Брдо, се одржа традиционаланиот турнир во пеливанско борење „Голо Бордо 2026“, кој за првпат беше организиран на меѓународно ниво, со учество спортисти и клубови од Голо Брдо – Албанија, од Македонија и од Косово, објави македонскиот весник „Илинден“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Дел од овој спортски настан беше и репрезентацијата на Македонија со четири претставници, како и делегација на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија.

„Настанот кој редовно побудува голем интерес и годинава го организираше Здружението за борење „Голо Брдо“,со поддршка на Албанската федерација за борење и Општина Булќиза. Манифестацијата помина во свечена и пријателска атмосфера, збогатена со традиционални македонски песни и ора карактеристични за областа Голо Брдо, што му даде посебен дух на целиот настан. Присутните имаа можност да уживаат не само во возбудливите спортски натпревари, туку и во богатата културна традиција на Македонците од овој крај“, објави македонскиот весник „Илинден“.

Борбите беа исполнети со голема борбеност, спортски дух и фер-плеј, а публиката со аплауз ги поздравуваше најдобрите настапи. Победник беше претставникот од Албанија, Парис Карепи, од Драч, кому традиционално му беше доделен овен.

Според македонската Федерацијата Увејс Фејзулаху бил трет, додека Стефан Зашков и Александер Миланов извојуваа по две победи.

„На собирот присуствуваа и голем број Македонци од областа Голо Брдо кои со своето присуство уште еднаш ја потврдија поврзаноста со традицијата, спортот и културното наследство на својот крај. Купот уште еднаш покажа дека спортот претставува мост на пријателство, почит и заедништво меѓу народите од регионот“, наведува весникот.

Делегацијата на македонската федерација предводена од претседателот Хамид Бакија остварила средба со претседателот на Здружението за традиционално борење на Албанија, Скендер Рама, на која станало збор за понатамошна соработка и развој на традиционалното борење во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ