понеделник, 18 мај 2026

Сиљановска-Давкова – Стевановиќ: Словенија добро ги разбира регионалните околности

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакнаla важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната доверба.

Таа ја поздравиla работата на пратеничките групи за соработка и посочи на потребата од натамошно продлабочување на парламентарните врски.

Според претседателката, Словенија е мост меѓу Балканот и Централна и Западна Европа, добро ги разбира историските и регионалните околности и јасно ја согледува важноста на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

Стевановиќ, од своја страна, потенцираl дека Словенија ќе продолжи да биде пријател и поддржувач на македонскиот евроинтегративен процес.

Тој ја потврдиl подготвеноста за унапредување на парламентарната и севкупната соработка преку поинтензивна комуникација и размена на искуства меѓу македонските и словенечките институции.

Соговорниците се согласиle за потребата од деблокирање на македонските евроинтеграции и укажаа на неопходноста од засилена соработка.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ