сабота, 30 мај 2026

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали

Објавено на

часот

Сподели

„Од Белата палата можат да објавуваат нецелосни документи, неосновано да обвинуваат за наводна корупција и злоупотреби, но ништо нема да ги спаси од пораз на изборите, седми по ред.

Со ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нема никаква идеја, никаков предлог за подобрување на животот на скопјани, за модернизација на главниот град.

Од друга страна граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела”, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Оттаму уште додаваат дека на ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго, освен со лаги, шпекулации и конструкции да се обидат да си го ублажат новиот убедлив пораз на изборите.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ