„ВМРО-ДПМНЕ е против 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ гази врз достинството на наставниците и делува на штета и на наставниците и на стручните соработници.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја опструираат работата на собраниската Комисија треба да се вразумат и наместо блокади да придонесат во реформите, затоа што наставниците и стручните соработници се најважната алка во воспитно-образовниот процес.
Послушниците на Мицкоски треба да знаат дека блокадите и деструктивноста нема да ги спречат реформите во интерес на граѓаните, наставниците и образовниот процес“, соопшти СДСМ.






