„За четири години, со континуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствените работници за 15 отсто. Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека сите се насочени во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, беа на страната на вирусот. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци”.
Токму поради ваквото нечесно, несериозно однесување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од граѓаните на 17 октомври“, соопшти СДСМ.






