„Континуирано креираме и реализираме мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со оперативниот план и гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.
Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.
Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните“, соопшти СДСМ.






