„Дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување со овие измени. На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани.
Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус.
Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните“, соопшти СДСМ.






