„Со оваа мерка околу 15 милиони евра директно ќе завршуваат на трансакциските сметки на студетните. СДММ се води од интересите на студентите, на младите. СДСМ постојано инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови.
Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот „Стив Наумов“, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.
Сето ова се мерки и политики кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.
Како социјалдемократска младина, како одговорна партија продолжуваме со реализација на квалитетни и остварливи младински политики што се во интерес на секој млад човек. Обезбедуваме европски стандарди за студирање и работа дома, во својата татковина“, изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.






