„Самото спроведување на Попис 2021 година, без законски основ ќе биде ништовно и неприфатливо за граѓаните на Републиката, а само ќе се фрлат во празно милиони евра народни пари, по втор пат за неуспешен попис“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Оваа партија, преку адвокатот Мартин Бошкоски, уште на 2 април годинава поднесен иницијатова за оценување на уставноста, законитоста на Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија во 2021 година.

„Повикуваме на реакција на јавноста, на претседателот на Републиката, на Министерството за правда и Судскиот совет за непочитувањето на Уставот и Законот и итно прилагодување на законската регулатива за пописниот процес“, соопшти Македонски концепт.






