„Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон мултиетничкиот карактер на главниот град.
Во ваква ситуација, прашањето е директно: каде е Инспекторатот за употреба на јазиците?
Оваа институција е формирана токму за да ги утврдува прекршувањата, да наложува нивно отстранување и да изрекува мерки против институциите што не го спроведуваат законот. Во нејзиното создавање се вложени години работа, кадар, обуки и институционални капацитети. Денес, директор поставен од Влен го парализира Инспекторатот и молчи пред очигледните прекршувања.
Молкот на Инспекторатот директно ги охрабрува прекршителите и го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика.
Бараме итна оставка на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, политичка одговорност од Влен, кој ја има заробено и блокирано оваа институција и итна правна одговорност за сите што го прекршуваат Законот за употреба на јазиците и поттикнуваат етничка нетрпеливост и омраза.
Законот мора да се почитува. Инспекторатот мора да постапува. Одговорните мора да одговараат“, соопшти ДУИ.
ДУИ за билбордот на влезот во Скопје: Каде е Инспекторатот за употреба на јазиците?
Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација, се вели во реакцијата на ДУИ по поставувањето на билбордот за добредојде на влезот во Скопје.
Објавено на
часот





