вторник, 26 мај 2026

Алијанса за Албанците смета дека Македонија е далеку од ЕУ, „лагите на СДСМ-ДУИ излегоа на виделина“

Објавено на

часот

Сподели

„Иако  Груби за медиумите изјави дека ќе заврши спорот со Бугарија, идниот нов премиер на Бугарија, Кирил Петков, ја отфрли можноста за укинување на ветото бидејќи според него, повеќе се прави пропаганда од Северна Македонија отколку преговори на овој план.
Бугарското МНР ја отфрли и лагата дека Франција презела иницијатива за решавање на спорот, а Бугарија останува непроменета во ставот кон Северна Македонија.
Манипулирањето со ситуации е единствениот успех на пропаднатата влада на СДСМ-ДУИ, коишто по секоја цена сакаат да ја задржат власта во свои раце за лична корист.
Сега, кога се наближува 14-ти, повеќе од јасно е дека Северна Македонија не е ни блиску до добивање датум за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Ставовите на Бугарија во ниту еден момент не се сменија, што значи дека ветото наметнато од Бугарија ќе биде пречка уште долго.
Ова докажува дека неподнесувањето оставката на Заев и сите што станаа дел од власта беа камуфлирани изговори под превезот на ЕУ“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ