„Овој скандал уште еднаш го извади на виделина вистинското лице на Владата на СДСМ-ДУИ. Да потсетиме, пред неколку дена, зелениот министер, Бујар Османи, промовираше тротинети со електричен погон за администраторите, исмејувајќи ги, а неговиот шеф Зоран Заев ги обвини дека администраторите се корумпирани и дека министрите се чисти. Алијанса за Албанците и Алтернaтива ценат дека неодамнешната одлука на Владата потврди дека Зоран Заев и Али Ахмети веќе го надминале Никола Груевски, како за набавка на луксузни автомобили, така и за потценување и злоупотреба на администрацијата. Ве уверуваме дека правдата наскоро ќе дојде за сите во оваа држава. Оние кои злоупотребуваат ќе одговараат и за последниот денар што го украле од џебот на народот“, соопшти коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Алијанса за Албанците и Алтернатива: Тротинети и обвинувања за администраторите, 2 милиони евра автомобили за министрите

ТОП ВЕСТИ





