понеделник, 18 мај 2026

„Шанса за Центар“ тврди дека во Советот се турка неуставна одлука, дел од школите да се даваат под наем

Комисија за образование на Советот на Општина Центар не ја прифати одлуката за изнајмување на просторите во школите предложена од Општината откако Шанса за Центар утврди низа проблематични делови во неа меѓу кои и дека се предлага да може да се даваат под наем и дворови на училиштата, скривници и игралишта, а дејностите за кои може да се изнајмуваат школските простори да бидат и производство, угостителство и трговија, информираа денеска од Шанса за Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму информираат дека ваква предлог одлука е на дневен ред за претстојната седница на советот закажана за утре.
„И покрај тоа што граѓаните во повеќе наврати протестираа против досегашните иницијативи за издавање на школските игралишта кои меѓу другото се и единствените јавни спортски простори за заедниците со оваа предложена Одлука се отвора можност тоа да се прави и со школските дворови. Со предлог-одлуката меѓу другото исчезнува и механизмот со кој училиштето, училишниот одбор и родителите можат да реагираат на лош квалитет на храна Дополнително, предлогот е копиран од одлука која ја има донесено Град Скопје во 2023-та година, но која беше обжалена пред Уствавен суд и од страна на судот е поништена како неуставна. Со тоа и одлуката која ја предлага Центар, а е скоро идентична на таа на Град Скопје, е неуставна“, велат од Шанса за Центар.
Оттаму дополнуваат дека Општина Центар има и повеќе од доволно пари од безброј градежни дозволи кои ги издава за целосно одржување на училиштата и другите јавни установи под своја надлежност без да има никаква потреба „да го раздава она малку преостанат јавен простор“.
„Или работата е во нешто друго? Утре Советот треба финално да се произнесе доколку не биде повлечен предлогот во меѓувреме“, велат од Шанса за Центар пред утрешната седница на Советот на Општината.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ