Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на топло и стабилно време со дневна температура во пораст.





