Акцијата за одбележување на „Светскиот ден на животната средина 5 јуни, ТИТАН Усје ја спроведува со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“. На настанот учествуваа и претставници од оваа академска институција, како дел од соработката со ТИТАН Усје во рамките на меморандумот за соработка кој беше потпишан неодамна.
Како дел од акцијата беа донирани и садници кои ќе бидат засадени на посебна локација на територијата на општината Кисела Вода. Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина е во рамките на активностите на ТИТАН Усје за одбележување на јубилејот 70 години од основањето.
Компанијата ТИТАН Усје во континуитет работи на развој и реализација на проекти од интерес на заедницата. Во проекти од областа на заштитата на животната средина, образованието, како и соработка со академската заедница, досега се инвестирани 950.000 евра. ТИТАН Усје неодамна го започна и проектот „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, во рамките на кој, за само неколку месеци, над 200 ученици од основните училишта од општина Кисела Вода поминаа обука за 3Д печатење.