
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).
Од 11 часот до завршување на настанот Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.






