„Лошите урбани политики и планирање, се клучните причини кои го влошуваат квалитетот на животот на граѓаните во Општина Центар. Да не дозволиме нови непромислени одлуки кои ќе бидат во корист на малкумина, а на штета на сите нас и ќе нѐ чинат нов загубен јавен простор и јавно зеленило. Имаме шанса заедно да му застанеме на патот на градежното дивеење во Центар и да го подобриме квалитетот на животот за сите“, се вели во повикот на Шанса за Центар, граѓанска иницијатива која ќе се бори општината да биде по мерка на граѓаните.






