четврток, 4 јуни 2026

Шабани-али: МО и ЦУК заедно ќе работат на справувањето со ризици

Во Министерството за одбрана денеска била остварена средба меѓу заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани и  директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за одбрана претставува значаен партнер на Центарот за управување со кризи во реализацијата на заедничките активности насочени кон унапредување на системот за управување со кризи, како и кон зајакнување на заштитата и безбедноста на граѓаните, наведе ЦУК во соопштение.

На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката и координацијата меѓу двете институции, особено во делот на превенцијата, подготвеноста и справувањето со ризици, кризни состојби и природни непогоди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ