недела, 19 април 2026

СДСМ испраќа писма до европските институции, препознавајќи политички прогон во „чувството“ на Мицкоски

Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“, се наведува во писмата на СДСМ.

Директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон.

„ ‘Имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство ,не велам дека имам информации, имам чувство’.

Оваа изјава за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам. Неговото ‘чувство’ дека ќе следуваат конкретни постапки е транспарентен показател за намера за извршна контрола врз обвинителството и судството, односно подготовка на политички монтирани процеси.

Со ваквото однесување, користејќи ги двете функции – премиер и претседател на ВМРО Мицкоски ги претвора државните институции во инструмент на партиска пресметка, а истовремено ги користи како заштитен штит за сопствените структури“, наведува во писмата претседателот на СДСМ, Филипче.

СДСМ документира организирана делегитимизација на правосудниот систем и бара итна реакција од европските институции.

„Ваквото однесување е целосно неспоиво со вредностите на држава која претендира за членство во Европската Унија. СДСМ останува цврсто посветен на европскиот пат на државата и ќе продолжи да се бори за заштита на демократијата, владеењето на правото и институционалниот интегритет“, порачуваат од опозицисктата СДСМ во писмата до европските институции.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ