Акција: Први мај. Знаете како оди тоа… Жена ми, шефицата на домашниот логистички центар, ми предава список што би го исплашил и најдобриот менаџер во набавки. Список долг колку патот од Скопје до Охрид, испишан со ракопис што само таа може да го дешифрира, а јас треба да бидам херојот што ќе го набави сето тоа пред да почнат гужвите во маркетите.
Но, оваа година, „акцијата“ имаше нов играч. Во џебот го имав новиот Samsung Galaxy S26+. Да бидам искрен, кога го зедов, мислев дека ќе го користам само за сурфање и за докажување дека и јас сум „во тек“. Не знаев дека ќе ми стане партнер во криминал… односно, во набавки.
AI што мисли наместо мене (затоа што јас… па, заборавам)
Сите знаеме што се случува кога ќе влезеш во супермаркет без план. Купуваш сè – од кисела вода до работи што воопшто не ти се потребни. Е, тука Galaxy S26+ ја презеде контролата. Благодарение на подобрената вештачка интелигенција, телефонот ми го среди хаосот. Ја фотографирав белешката од жена ми, а Galaxy S26+ за секунда ја претвори во чист, дигитален список.
Да, телефонот сфати што пишува! Дури и ги сортираше намирниците по одделите во маркетот. Додека одев низ редовите, Galaxy S26+ ми даваше инструкции (добро, преку потсетници) да не го заборавам кромидот – затоа што ако се вратам без кромид за ќебапите, Први мај ќе ми биде последен ден на слобода.

Екранот што ја трпи мојата паника
Поради тоа што бев во трка со времето, сонцето директно „пржеше“ во екранот додека проверував дали сум купил сè. Овде Dynamic AMOLED 2X екранот на S26+ покажа кој е газда. Дури и под најсилното пролетно сонце, се сè гледаше кристално јасно. Не морав да се кријам зад рафтовите со детергенти за да видам дали на списокот пишува „1 кг месо“ или „10 кг месо“ (фала му на Бога, сепак беше 1).
Батеријата: Ја преживеа набавката
Најголемиот страв? Да ти се исклучи телефонот. Но, батеријата на Galaxy S26+ е ѕвер. Со сите тие AI процеси, AI-то што ми ги споредуваше цените на производите во реално време и ми наоѓаше најдобри попусти меѓу рафтовите, и постојаното сликање на производите за да добијам „одобрување“ од шефицата, телефонот до вечерта имаше уште 40%. Тоа е пријатели вистинскиот дострел на технологијата, кога не мораш да бараш полнач како криминалец низ парк.

Да, Galaxy S26+ е моќна машина. Има процесор што лета, дизајн што привлекува погледи и AI што навистина помага. Но, неговата најголема вредност за мене? Ми ја спаси главата. Кога жена ми ме праша: „Како успеа се да купиш, а ништо да не заборавиш?“, само го кренав телефонот и се насмеав.






