понеделник, 8 јуни 2026
Време

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 22 до 33 Целзиусови степени. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 25 до 32 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ