четврток, 17 јули 2025
Време

Денеска со температури и до 40 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 40 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ