Поплавите, според последните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, однесоа четири животи. Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во земјата, дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.
Радев ѝ се заблагодари на Сиљановска за понудената помош
Република Северна Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев на мрежата „Икс“ по телефонскиот разговор со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на
часот
Сподели
„Благодарност до претседателката Гордана Силјановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето“, напиша шефот на бугарската држава.





