петок, 14 ноември 2025

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk

Во повикот на МОН се содржани условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ