Како што инфирмираа од ОЈО Скопје, на 20 мај годинава, таа се обидела неовластено да внесе марихуана и кокаин во затворот во Идризово додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.
„Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едното е петмесечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.






