петок, 15 мај 2026

На 1 јули завршни зборови за обвинетите за организирањето на „27 април“

Објавено на

часот

Сподели

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот“, се наведува во соопштението од Судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се обвинети дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ