петок, 15 мај 2026

Камчев од Шутка префрлен на Кардиологија, се жалел на болки во градите и гушење

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата ја потврдил директорот на затворот Шутка, Филип Андов. 

Според Андов,  по барање на бранителите Камчев со амбулантно возило од затворот бил префрлен на Кардиологија. 

„Се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања”, изјавил Андов.

Камчев досега три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Иако понуди гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, Апелацискиот суд го одби барањето со образложение дека и натаму има опасност од бегство.

Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ