Обвинетите во овој случај се гонат за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.
Денешната пресуда ќе биде четврта по ред за Мијалков. Тој претходно беше осуден за случајот „Таргет-Тврдина” каде доби 12 години затвор, а за „Трезор” му беше изречена затворска казна од 8 години.
Двете пресуди не се правосилни односно се во жалбени постапки пред Апелацискиот суд во Скопје.
Мијалков, заедно со Мендух Тачи и тројца поранешни членови на ДИК, е обвинет и во случајот „Титаник 2″, каде во 2019 од Основниот кривичен суд беше осуден на 3 години затвор. Оваа пресуда беше укината од второстепениот суд и случајот се врати на повторно судење.
Ексдиректорот на УБК е осомничен и во „Империја” и „Плацови на Водно” .






