петок, 7 ноември 2025
Локални избори 2025

Право на глас во вториот круг на локалните избори имаат 1.013.375 граѓани

Во вториот круг од локалните избори 2025, в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.

Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор гласаат еден ден пред изборите, односно утре.

Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ