Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата со цел да се спречи повторно разгорување на жариштата.
„Пожарот е локализиран, но поради специфичноста на пожарите на депонии, екипите и понатаму остануваат на терен и работат на негово целосно гаснење и обезбедување на локацијата. Апелираме до граѓаните да останат смирени, да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните известувања. Воедно, ги повикуваме сите на совесно однесување и избегнување активности што можат да предизвикаат нови пожари“, се наведува во објавата.
Се посочува дека ТППЕ Струмица ќе продолжи да ја следи состојбата сè до целосно гаснење на пожарот и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на настанот.





