Според сведоштвата на нашите читатели, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало и граѓани кои чекале автобус на постојката што се наоѓа под самата Железничка станица каде секојдневно поминуваат и повеќе стотици автомобили. Граѓаните кои се нашле во близина сведочат дека густ чад се ширел низ Железничката станица, што привремено ја намалило видливоста и предизвикало непријатност кај минувачите.
На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење.

Засега нема официјални информации дали во инцидентот има повредени, ниту дали е причинета материјална штета на возилата што тука поминувале или биле паркирани во непосредна близина на пожарот.
Надлежните служби дополнително ќе ги утврдуваат точните причини за избувнувањето на пожарот, како и евентуалните последици од него.
Случајот е предмет на понатамошна проверка од надлежните институции.







