четврток, 28 мај 2026

Повторно објавен тендерот за набавка на 150 електрични автобуси

Министерствто за транспорт денеска го објави повторениот јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси. Претходниот тендер беше објавен на 26 февруари и беше поништен. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

Објавено на

часот

Сподели

Рокот за доставување на потребната документација e до 29 јуни.

„Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини. Покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија. Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги“, велат од Министерството за транспорт.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека постапката за набавка на 100 автобуси е повторно отворена и изрази очекување дека овој пат ќе биде успешно завршена. Тој истовремено најави и паралелен проект за воведување на брз автобуски систем – БРТ, кој треба значително да го модернизира јавниот превоз во главниот град.

„Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси за Скопје, се надевам дека овојпат ќе биде успешна. Владата ќе обезбеди 100 автобуси, а јас многу скоро го започнувам БРТ проектот за кој градот ќе обезбеди 40 автобуси“, изјави Ѓорѓиевски.

Според најавите, административните процедури за БРТ системот треба да бидат завршени до крајот на годината, а почетокот на реализацијата се очекува во следниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ